Сдсм Куманово ги отфрла шпекулациите за насилство на протестите

 

17457303_10211405116699474_5249934030607807109_n
ОК Вмро Дпмне Куманово го обвинува Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за насилство за времетраењето на протестите таканаречени „За заедничка Македонија“. Наводно според нив демонстранти – трактористи од селото Пчиња биле физички нападнати од страна претседателот на ОК Сдсм Куманово – Мартин Костовски, а исто така бил навредуван и македонскиот идентитет од истиот, кога излегувал од зградата на поранешниот комитет, што е сегашно седиште на партијата на Костовски.

Костовски со официјална партиска прес конференција ги отфрла ваквите спинови и лажни обвинувања, како што вели тој. Тврди дека имало сама помала вербална расправија со трактористите демонстранти од Вмро Дпмне и се тргнал од местото на настанот, бидејќи како што тврди Костовски, целтта на демонстрантите била да предизвикаат инцидент за да се прикажуваат како жртви. Самиот потоа веднаш го пријавил настанот во полиција.

„Еден од учесниците на тој протест се обиде да ме испровоцира додека поминував улица. Веројатно целтта била да изреагирам бурно за да дојде до некаков физички контакт. Одговорно тврдам дека имаше само мала вербална расправија. Но тоа што најмногу ме погоди е лагата од страна на режимските медиуми дека сум ги навредувал по етнички основ. Јас сум Македонец, моите родители се Македонци, роден и образуван во држава која што ја сакам и за која се борам да биде слободна, демократска и среќна. Со крената глава секогаш велам дека јас сум горд Македонец.”– изјави Мартин Костовски, претседател на ОК Сдсм Куманово.

Реакција по овој инцидент имаше и од првиот човек на градот – градоначалникот Зоран Дамјановски. Тој апелираше до граѓаните да не подлегнуваат на провокации и да останат мирни. Дамјановски смета дека Груевски наметна етношовинистичка реторика во Македонија, која кулминира во моментов и не ја носи земјата во правилна насока. Апелираше и до неговите сопартијци да останат мирни, бидејќи како што вели тој, во вакви времиња сите се поларизирани.

Check Also

Во Куманово нема да има вонредна седница на Советот

И покрај официјалните барања на локалната опозициска Вмро Дпмне итно да се свика вонредна седница …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *