Тетово со постојани проблеми со водоснабнувањето

 

Capture

Со почеток на пролетта актуелизиран стариот проблем на Тетово со водоснабдувањето. Веќе неколку дена жителите од горниот дел на Тетово немат ниту капка вода за пиење, додека во останатите делови од градот вода има по неколку часа во денот но таа е заматена. Затоа тетовчани мака мачат како да ги задоволат потребите од вода, некои од нив се снаоѓаат со полнење на шишиња и буриња од градските чешми, а некои купуваат за пиење.

Водата е заматена поради приклучување на новата филтер станица од градскиот вододов со хидроцентралата од новиот цевковод, велат од Јавното комунално претпријатие Тетово. Градежните активности се завршени, и се очекува во текот на деновиве водата да биде чиста и безбедна. Поради намалена издашност на изворите и постојаните дефекти кои се случуваат во градската водоводна мрежа се спроведуваат рестрикциите  изјавуваат од  ЈКП Тетово. Со топењето на снегот на Шар Планина, се очекува да се зголеми количината на вода во градскиот водовод.

Capturedd
„ Со пушатање во употреба на филтер станицата и новиот  водовод, со зафаќање на вода од река Лешница , тогаш секако дека ќе има повеќе вода и водоснабдувањето ќе биде во повисоко ниво со што ќе се задоволат потребите.“  – изјави  Борче Бојоски – ЈКП Тетово.

Captured

„ Катастрофа е во 21 век да немаш вода за пиење, а при тоа да се живее под Шара.“  – велат граѓаните.

Скоро две децении се гради новиот градски водовод. Ветувањата дека овој проект ќе биде целосно завршен  до крајот на 2016 година, општинските власти не го остварија. Тетово со пуштање во употреба на новиот водовод треба да добие дополнителни 200 литри вода во секунда, која би требало да ги задоволи потребите.

Check Also

Партнерство за подобра бизнис регулатива

Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа информативна сесија во Тетово. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *