Успешно интеретничко образование во Куманово

17426174_10211404982696124_1066583315261203395_n

Успешно e спроведен проектот за интеретничко образование во Куманово со поддршка од УСАИД а спроведуван од 13 основни училишта во Куманово со поддршката на општината. Проектот започнал пред пет години и добил поддршка и од Министерството за образование, а ќе продолжи да се спроведува и во понатамошен тек. Носители на овој проект биле ОУ  „Браќа Миладиновци” и ОУ „Бајрам Шабани”, и двете од Куманово. Целтта на овој проект е зближување на културните разлики кои се присутни во градот уште од најмалата возраст.

По успешно спроведениот проект, директорите на 13-те основни училишта учествуваа на средба со градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и општинските власти, каде што беа пофалени од успешното спроведување на истиот и се разговараше за понатамошното дејствување во склоп на истата проблематика. Како пофалница за спроведениот проект, училиштата добија печатачи од страна на Општина Куманово.

17498597_10211404983656148_7699632772730200934_n

„Овој проект за мене претставува најдобар пример како треба да се гради едно граѓанско и толерантно општество. А Куманово е најсоодветен пример за тоа, каде што во официјална употреба се четири јазици. Поради тоа и дадовме поддршка на овој проект во однос на транспортот на учениците и логистиката на истиот. Па така целиот проект произнесе многу интереси и зближувања во однос на мулти-културализмот и културолошките разлики. Сакаме да дадеме силна порака дека Куманово стои цврство на опцијата на мулти-културално, граѓанско, демократско и слободно општество. Ова е една симболика дека сакаме да градиме силно општество еднакво за сите нејзини граѓани. Сите различности во културата се и позитива во градењето на едно такво општество, а спознавањето и прифаќаето на тие разлики повеќе не интегрираат во општеството, отколку што не одалечуваат.” – вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

„Завршивме со делот каде што проектот е поддржан од УСАИД, сега продолжуваме со истиот проект со поддршка од Министерството за образование. Сите тежнееме и сакаме да живееме во едно граѓанско општество кое што нема да биде оптеретено со националност, религија и било каква друга припадност, туку со нашите граѓански потреби. Тоа е она кое во делот на образованието сме должни да им го покажеме на децата уште од најмала возраст и да ги научиме да живееме во такво општество.” – вели Марина Манојловска, директорка на ОУ „Браќа Миладиновци” Куманово.

Check Also

Во Куманово нема да има вонредна седница на Советот

И покрај официјалните барања на локалната опозициска Вмро Дпмне итно да се свика вонредна седница …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *