„Здружение на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ Охрид со подршка на барањето за мораториум за лов на пастрмка

ribari2

Барањето на концесионерот за стопански риболов на Охридско Езеро за мораториум на улов на охридска пастрмка наиде на подршка од ,,Здружението на рекреативни риболовци“ од Охрид. Имено тие покрај бројните апели до надлежните институции се огорчени од негрижата за рибниот фонд на езерото. Во продолжение во целост го пренесуваме нивното соопштение.

„ Јавно ги запрашуваме надлежните институции и министерства каде и како се потрошија неколку милиони евра за вештачки мрест и порибување на охридска пастрмка, затоа што нема никаков ефект за заштита на охридската пастрмка. Со неколку реченици можеби ќе помогнеме да се лоцира одговорност кај надлежните институции и нивните раководители.
Зошто секоја година државата го финансира вештачкиот мрест од 150 до 200 илјади евра од кои концесионерот зема околу 70% а нема обврска да порибува ?!
На концесионерот државата му порибува а тој само ја лови риба и плус добива субвенции, ваква концесија нема никаде во светот.
Зошто надлежните научни институции изработија риболовни основи а надлежното министерство ги прифати и додели концесија за стопански риболов иако со години укажуваме дека тоа е катастрофална грешка ?! Изјавата на концесионерот можеме да ја разбереме само како повик да му се овозможи поголем улов на охридска белвица и барање на поголеми финасии за вештачки мрест и порибување со охридска пастрмка. Неможеме да го разбереме концесионерот кој бара да се забрани стопански риболов само на охридска пастрмка а да му се зголемат количините на улов на сите други видови риби. Она што и се случи на охридската пастрмка сега и се случува на охридската белвица. Ако на охридската пастрмка и се потребни околу 40 години за реанимација тогаш на охридската белвица и требаат повеќе од 60 години.
Зошто надлежното министерство и научните институции од областа на рибарство дозволија измени и дополнувања на риболовните основи со кои на концесионерот за стопански риболов квотата на улов на охридска белвица од 2 тони му се зголеми на 8 а сега на 25 тони годишно, кога во истата риболовна основа пишува дека прирастот на охридска белвица на годишно ниво е 17 тони ?!
Зошто истите институции го намалија периодот на забрана за лов охридска пастрмка и белвица за време на мрест и дозволија да се лови охридска белвица во ноември, кога тие во истата риболовна основа тврдат дека најголемиот мрест на белвицата е токму во ноември ?!
Зошто на концесионерот му е дозволено 6 пати да лови охридска белвица во строгата забрана (татиљ) дали на тие мрежи има знак стоп за охридска пастрмка?! Никогаш па ни во турско не се ловело за време на мрест.
Зошто најмалата дозволена големина за улов на охридска белвица од 35 сантиметри ја намалија на 22 сантиметри а бројот на мрежи два пати го зголемија ?! Зошто научниците предвидоа 500 тона годишно да се излови охридска плашица а гледаме ја нема по зимовниците во Пештани, Трпеица, Радожда, Охридско Пристаниште и воопшто во езерото ?! Зошто забраната за лов на крап е фиксна и започнува од кога ќе заврши природниот мрест на крапот ?!“

Check Also

И судската служба од Охрид со подршка за бојкотот на денот на Македонското правосуство

  Денес се одбележува денот на Македонското правосуство. Од Здружението на судска администрација на Република …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *