позар

Жртва на пожар во својот дом во Стар Дојран

Како последица на пожар во семејна куќа во Стар Дојран, вчера им подлегнал на повредите 57-годишниот С.Д.
Полицијата денеска извести дека од засега непознати причини пожарот пламнал во собата каде што спиела жртвата.

Од густиот чад тој изгубил свест и паднал на подот.

Пожарот го забележале соседите кои ја алармирале полицијата и локалната противпожарна бригада. Единицата на територијалната противпожарна единица од Гевгелија за пожарот била известена во 6:57 часот вчера, недела 26 март. По пристигнувањето на лице место единицата на ТППЕ од Гевгелија успеала да го локализира пожарот во 7:30 часот. Иако пожарот бил локализиран навреме, сепак, лекарите не можеле да го спасат С.Д.

На местото на настанот кое било семејна куќа во центарот на Стар Дојран, зад хотел „Македонија“ (порано познат како хотел „Галеб“) излегла екипа на МВР и инспектор за заштита од пожари.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Check Also

DSC_1470

Локалната власт го заборави, а ИПА фондовите ќе го спасуваат Динќут

После единаесет години заборавеност и запуштеност, општина Гевгелија со ИПА средства се подготвува да го …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *