„Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост“ ќе се спроведува во Охрид

kniga1-640x360

Основна цел на проектот е поттикнување граѓански активизам во помалите средини во Македонија преку медиумска писменост т.е. запознавање на јавноста со тоа што се медиуми, како се креира вест, како да се препознае разликата меѓу реклама, вест и манипулација, како да се препознае политичка или друг вид пропаганда и директна граѓанска активност во решавање на предизвиците во тие средини преку активност, изјавија организаторите.
Во рамки на проектот е предвидено да се одржат шест работилници за граѓански активизам и шест работилници за медиуми и медиумска писменост во Струмица, Охрид, Гевгелија, Кочани, Гостивар и Штип, на нив може да земат учество за сите полнолетни граѓани кои ќе се пријават на обуката. На крајот на проектот предвидено е да се одржи конференција на која ќе бидат објавени резултатите, а претставници од медиумите и невладините организации ќе имаат можност да дебатираат на темата за медиумска писменост.

Проектот „Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост“ го спроведува  Здружението за развој на претприемништвото и туризмот – Концепт плус а е финансиски поддржан од програмата на Цивика мобилитас.

Check Also

И судската служба од Охрид со подршка за бојкотот на денот на Македонското правосуство

  Денес се одбележува денот на Македонското правосуство. Од Здружението на судска администрација на Република …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *