Едновечерен изложбен настан „Партизанување – траги на борбата“

17626403_1888005988102291_6750729107178791652_n

Во четврток, со почеток од 19 часот, во просториите на Сојузот на здруженијата на борците од НОВ (Грaдски одбор Скопје) ќе се одржи едновечерен изложбен настан. Изложбата „Партизанување – траги на борбата“ е едновечерна продукција во перформативен формат. Овој изложбен настан е продуциран во рамки на проектот „Траги на борбата“ во организација на Плоштад Слобода од Скопје и нивните партнери Креативен синдикат од Загреб и Теорија која хода од Белград како и нивниот партнер Кооператива Регионална платформа за соработка од Загреб.

„ Занемарувањето, игнорирањето и негирањето на остатоците и наследството на народно-ослободителните движења за победа на фашизмот е една од заедничките црти на повеќето земји во поранешна Југославија. Формите на однесување и комуникација, односот на човекот кон просторот, колективната меморија, родовата сензибилизација, еднаквоста и солидарноста, па дури и првите модернистички струи во уметничкото творештвото се дел од антифштистичкото наследство кои треба да се потенцираат како придобивки на овој период и да им опонираат на денешните текови.
Идејата за создавање на сопствена национална држава како и силниот индивидуалистички капиталистички поредок наспроти идеите за колективност и заедништво се исто така централни на современите влади во регионот. Додека едни покажуваат почит кон антифашистичката борба, други целосно ја занемарувуваат обидувајќи се притоа да ги скријат современите траги на агресијата и насилното одземање. Актуелните фашисоидни постапки на политичките и финансиски елити, скривајќи ја својата оргинална националистичка и пазарно ориентирана интенција, водат кон запоставување и уништување на револуционерното минато и згаснување на секој порив за враќање на ударот. Преку первертирањето и пропагандистички деполитизирањето на идејата за народноослободителната борба до непрепознатливост, и прибирајќи ги сите современи механизми на контруирање, тие успеваат долго време да опстојуваат силно држејќи се на својата изградена структура.“ – велат организаторите на настанот.

Вечерта ќе се одржи проекција на филмот „Споменик“ (Игор Грубиќ). Планирана е промоција на книгата „Предавања за одбраната: прилози за анализа на културната дејност на Народноослободителното движење“ (Милош Милетиќ и Мирјана Радовановиќ). Во програмата се предвидени и два перформанса: едниот на Филип Јовановски во изведба на Кристина Леловац, другиот на Ивана Дракшиќ.

Check Also

Марш за женски права

За еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување на 8 март, во среда, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *