„Проаква“ чека политичка разврска за да продолжи со делбената постапка

 

420036-struga-i-ohrid-ostana-bez-voda-poradi-neplatena-struja-od-proakva
По отпочнување на постапката за делба на на претријатието Проаква“ на Р.Е. Охрид и Струга процесот заглави низ институциите.

„Комисијата која што беше формирана од Владата во која бев член и јас а присуствуваа и двајцата градоначалници и министрите од ресорните министерства, екологија, економија, транспорт и врски не се состана од причини познати на сите вас овде, бидејќи покрај вашиот професионален ангажман овде и вие се занимавата со политика и добро ги знаете состојбите“ – истакна тој пред советниците на општина Охрид.

Како нареден чекор за радвојување е поготвување на акт  кој треба да биде доставен до Централниот регистар за делба на имот, објаснува Паскалоски.

„Една од најтешките постапки што ќе следи после тоа е известување на сите доверители на „Проаква“, дел преку јавните гласила оние до 10 000 евра, над таа сума треба повикување и договарање со сите доверители што околу долговите. После тоа известување повторно оди во Централен регистар, се носи акт за основање на ново јавно претпријатие. Значи постапката е сложена и не е така едноставна“.

Паскалоски истакна дека е добро што постапката е веќе опочната  но исходот ќе зависи од политичките одлуки и брзнината со која ќе се решава делбената  постапка од што зависи и понатамошното работење на ова јавно претпријатие. Проаква е едно од најзадолжените јавни препријатие во овој регион долги години наназад. Колку ова решение ќе донесе решавање на овие проблеми останува да видиме во следниот период.

Check Also

И судската служба од Охрид со подршка за бојкотот на денот на Македонското правосуство

  Денес се одбележува денот на Македонското правосуство. Од Здружението на судска администрација на Република …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *