Рудник „Стентон“

 

17630135_275180349599805_5818726168700868662_n

Од причина што рудникот за ископ на гранит во месноста Билбил Камен не ја доби потребната „Б“ интегрирана дозвола за работа, Комисијата за животна средина при општинскиот Совет испрати допис до одделението за животна средина при Општина Битола, со кое бара да се преиспита дозволата за работа на каменоломот и да не се издава неопходната еколошка дозвола. Дополнително, членовите на Комисијата побараа по ова прашање да се изјаснат и Министерствата за животна средина, за економија и за транспорт и врски.

Донесената одлука е на задоволство на граѓаните на Битола, особено на жителите кои живеат на оддалеченост од само неколку стотини метри од каменоломот. Откако на почетокот на минатата година опозициските советници го отворија прашањето за постапката на доделување на концесијата на битолската фирма „Стентон“, жителите од месноста Билбил Камен, непосредно над населбата Довлеџик, во неколку наврати го блокираа магистралниот пат Прилеп-Ресен. Нивната намера беше да им укажат на градоначалникот Владимир Талески и на надлежните од Општина Битола, дека прашината и бучавата кои доаѓаат од каменоломот ќе имаат штетно влијание врз нивното здравје, кое ќе биде доведено во уште поголема опасност заради уништувањето на зеленилото и шумата.

Долго време опозицијата укажуваше на последиците кои по здравјето на граѓаните на Битола ќе ги предизвика работењето на каменоломот. За разлика од неа, локалната власт со сите сили настојуваше да докаже дека ситуацијата е под контрола и дека концесионерот ги има обезбедено потребните лиценци и дозволи за работа. Впрочем, истото тоа пред точно една година го кажа и Владимир Талески.

Јас колку што сум информиран, фирмата што се зафатила со тоа да копа ги има потребните лиценци, но за поточни информации треба да си побарате одговор од фирмата и од надлежните министерства кои што се надлежни да издадат или неиздадат лиценци“, изјави за медиумите битолскиот градоначалник.

17626245_275180419599798_7928529776620656051_n
Минатата година, во периодот кога во знак на протест граѓаните ги блокираа патиштата а советниците во општинскиот Совет дебатираа за дополнителното загадување кое ќе го предизвика работењето на каменоломот, неговиот концесионер, фирмата „Стентон“, го тврдеше спротивното. Оттаму до јавноста се обратија со соопштение со кое рекоа дека Министерството за економија им го доделило договорот за концесија преку целосно запазување на законската процедура, како и дека рудникот нема штетно да влијае врз здравјето на битолчани. Тоа, како што тврдеа од „Стентон“, го покажале “соодветни испитувања“.

Check Also

Пари за обнова на битолскиот Офицерски дом има, дали има волја?

Не постојат зборови кои можат да опишат колку тажно изгледа денес Офицерскиот дом во Битола, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *