Зголемен бројот на сообраќајни прекршоци во полошкиот регион

 Capture


Се зголемува бројот на сообраќајни прекршоци во полошкиот регион. Прекршоците кои возачите но и пешаците ги чинат на поширокото полошко подрачје последниве денови бележат нагорна линија и покрај бројните превентивно-контролни активности што на овој план ги презема Секторот за внатрешни работи Тетово.

Во Полошкиот регион и натаму e мошне голем бројот на лицата кои седнуваат зад волан без положен возачки испит и валидна дозвола за управување на моторни возила. Минатата година на ова подрачје откриени се вкупно 2726 поединци кои немале возачки дозволи претежно помлади на возраст од 15 до 25 години. Тие ги управувале возилата на нивните родители или најблиски а регистрирани се и случаи кога вршеле и јавен превоз на патници со комбиња па дури и со автобуси. Оваа појава за жал продолжува и во првото тримесечие од оваа година. Просечно дневно се откриваат по десетина „диви“ возачи и исто толку нерегистрирани возила и против прекршителите се изготвуваат соодветни поднесоци.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира посебно до младите прво да го положат возачкиот испит па потоа да управуваат возило. Тие не само што ја доведуваат во прашање сопствената туку и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Покрај тоа ќе се соочат со поднесок и законски предвидената глоба од 300 евра во денарска противвредност, додека глоба од 400 евра предвидена е за сопствениците на возилата кои им овозможиле да ги управуваат а знаеле дека немаат дозвола.

Покрај ова Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги посетува возачите навреме да ги регистрираат и да ја проверат техничката исправност на своите возила бидејќи претстои зголемена фрекфренција на патиштата во полошкиот регион како и зголемени контролни активности со цел навреме да се откријат и отстранат од сообраќај неисправните и нерегистрираните возила.

Минатата година на ова подрачје откриени се вкупно 3249 возила со истечена регистрација и 1717 технички неисправни возила.

Check Also

Партнерство за подобра бизнис регулатива

Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа информативна сесија во Тетово. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *