Одбележување на пешачките премини во Штип

17458160_10208600346271296_3210318399860170380_n

 
Одбележувањето на пешачките премини на фреквентните сообраќајници во Штип по правило се одбележуваат кога ќе се стопли времето, односно во пролет кога одговараат временските услови. Она што ги иритира Штипјани и возачитее во Штип е терминот во кој се извршуваат овие тековни работи на јавните претпријатија.

Веќе извесен период одбележувањето се прави на пладне и во денови кога протокот на возила и луѓе е најголем. Сето тоа предизвикува револт кај возачите бидејќи се создава непотребен метеж и одолговлекување на патувањето од едно место  на друго.

Она што предизвикува нервоза кај граѓаните е и фактот што во исто време се одбележува на неколку места во градот. При премин од едeн дел на градот до друг се дуплира времето во возење и чекање.

Ваквата пракса на локалните јавни претпријатија е со единствена цел, граѓаните да можат да видат дека јавните претпријатија работат. Со ова јавните претпријатија си ги предимензионираат своите редовни работни обврски. Особено, пред избори кога граѓаните треба да донесат личен заклучок за кого ќе гласаат и кој би им ја водел понатаму општината и би го развивал градот, ваквите брзи и нападни активности на јавните претпријатија се многу чести.

Во минатото одбележувањето на пешачките премини и патната сигнализација се изведуваше во доцните вечерни и раните утрински часови,граѓаните не се револтираа, а сепак имаа многу повидлива сообраќајна сигнализација.

Check Also

Пожар во Штипско – Пенуш

Денес на пладне избувнал голем пожар во Пенуш во близина на воeните магацини. Поради непристапноста …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *