Река Брегалница – порибување, низок водостој, негрижа

23364691

 
Реката Брегалница која е најголема река во источниот регион е на рекордно ниско ниво со својот водостој што е алармантно и ако продолжи намалувањето  на водостојот поради сушата,  се зголемува можноста за недостиг на вода за пиење во летниот период кој што следи.

Деновиве со изјава се обратија и членовите на риболовното друштво од Штип кои чистењето на речното корито од страна на општината и јавните претпријатија во време кога се врши порибување и кога се мрестат најголем број од постоечките риби во реката е погубно за целиот рибен фонд. Менувањето на речното корито со чистењето на песокот и исфрлањето на паднатите дрвја од коритото е погубно за исфрлената икра, а воедно и за следните рибни генерации.

Неконтролираното  исцрпување на песок од реката истотака е погубно за целиот растителен и животински свет во реката како и за нејзиното понатамошно опстојување особено поради фактот што градот Штип реката ја користи за водоснабдување, а општините источно од Штип за наводнување на земјоделските површини.

И покрај укажувањата од страна на стручни лица, земјоделците, рибарите, екологистите  и граѓаните реката и понатаму останува без потребната грижа. Доколку не се реагира и не се постапува соодветно, штета ќе трпат сите граѓани.

Check Also

Пожар во Штипско – Пенуш

Денес на пладне избувнал голем пожар во Пенуш во близина на воeните магацини. Поради непристапноста …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *