костадинов

Со поддршка на НВО секторот општина Струмица го интензивира прогресот на заедницата

– Општина Струмица согласно својата програма за работа и Буџетот за 2017 година, останува верна на своите заложби за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондации, како што тоа го правеше и во изминативе години. Нештата кои во минатото беа со позитивен бенефит за граѓаните на Струмица заслужуваат и мораат да имаат континуитет – изјави вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов на денешната прес конференција.

По јавниот повик од страна на општината за финансиска поддршка на здруженија и фондации од општина Струмица, Комисијата при Секторот за локален економски развој деновиве изврши оценување на пристигнатите проектни. Според оценките на проектите, финансии за ќе добијат 25 здруженија на граѓани и фондации во вкупна вредност од 3.291.636 денари.

– „Иако на државно ниво се води вистинска хајка кон разнебитување на граѓанскиот сектор, општина Струмица со финансиската и моралната поддршка која ја дава на здруженијата на граѓани, на тој план, останува единствена светла точка во нашата држава.“ – додаде Костадинов на денешната прес конференција.

Check Also

DSC_1470

Локалната власт го заборави, а ИПА фондовите ќе го спасуваат Динќут

После единаесет години заборавеност и запуштеност, општина Гевгелија со ИПА средства се подготвува да го …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *