Офарбани и обезглавени бисти на народни херои во Штип

 

17626466_10208600684359748_516365377459641355_n

Во Штип веќе во неколку наврати се сквернават и уништуваат бистите кои со децении се спомен на паднатите народни херои за време на Втората светска војна.

17458234_10208600684879761_549771443384441674_n

На тврдината Исар бистите кои го претставуваат минатото на градот многупати беа уништувани, префарбувани со спрејови и кршени. Општината апелираше на секој ваков вандалски чин без разлика кој и да е општинска власт. Неколку години наназад и овие денови повторно, бистите на борците од НОБ повторно се мета на вандали кои ги обезглавиле бистите во градското подрачје и ги уништиле со црн спреј.

Повторно оппштината го осуди овој чин и бара од полицијата брзо да ги открие извршителите и да ги казни со најстроги казни. Симптоматично е тоа што покрај многуте историски обележја во градот, кои се од различни историски времиња најмногу страдаат токму оние кои се од НОБ.

Check Also

Пожар во Штипско – Пенуш

Денес на пладне избувнал голем пожар во Пенуш во близина на воeните магацини. Поради непристапноста …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *