Со проект на локалната самоуправа на Охрид ќе се заштитуваат охридските чинари

17523535_1611399178885378_6851704654375467572_n

 

Седумте платанови стебла во Охрид со Законот за заштита на природните реткости од 1973 се прогласени за споменици на природата, а нив општина Охрид преку изготвен проект кој треба да се реализира во наредните неколку месеци планира да ги заштити. Со проектот се предвидува да се направи анализа во каква состојба се платаните, понатаму да се изработи на елаборат за ревалоризација, како и мерки за санација на чинарите.

„Подолго време траеше таа сага околу чинарите но тоа беше поради нејаснотии околу ингеренциите кој треба ад се грижи за дрвата. Конечно имаме едно поаѓалиште за заштита на овие дрва и се надеваме дека се ќе заврши како што треба.“ – изјавува Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид.

Како проектни активности се предвидени  увид за утврдување на состојба на платаните, изработка на нацрт-текст на елаборат за ревалоризација на стеблата, изработка на завршна верзија на елаборатот, спроведување на мониторинг на состојбата и предлог мерки за заштита. Проектот ги опфаќа  сите стебла на платани на територијата на градот Охрид.

„ Верувам дека со ова ќе ставиме крај на уништувањето на овие значајни дрва и ќе отпочнеме со заштита на истите . Активностите ќе започнат веднаш по потпишувањето на договорот, а тоа треба да се случи деновиве.“ – вели Џамтоски,портпарол на Општина Охрид.

Проектот ќе го спроведува  Друштвото за еколошки консалтинг Деконс-Емо од Скопје, а вкупната вредност на истиот е околу 550 000 денари.

Check Also

И судската служба од Охрид со подршка за бојкотот на денот на Македонското правосуство

  Денес се одбележува денот на Македонското правосуство. Од Здружението на судска администрација на Република …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *