pockov

ЈУГОТ ВО ДУХОТ НА ДИВИОТ ЗАПАД

Не е потерница, но е јавно објавена слика на гевгелиски пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ, наречен предавник. Не се бара жив, или мртов, се потсетува дека е учесник во конституирањето на органите во највисоката демократска институција во државата – Парламентот. А, што е работата на еден пратеник изгласан од мнозинството свои сограѓани,  кои ги претставува во републичкиот Парламент?

Кому му треба ваква пропаганда која осамна низ улиците и јавниот простор во Гевгелија? На оние кои ја изнедрија во јавноста т.н. Тиранска платформа по најавата дека СДСМ собра потписи за формирање мнозинство во македонскиот Парламент, и со тоа услови за состав и избор на коалициона Влада? Кому му смета демократијата во Македонија? Кому му смета формирањето и функционирањето на демократски избраните институции во Македонија?

На ваквата непримерна пропаганда на ДПМНЕ, од Општинската Организација на СДСМ одговорија:

„Деновиве ВМРО-ДПМНЕ врши тешка пропаганда низ улиците на нашата Гевгелија. И оваа слика е дел од нивната пропаганда. Безобразно манипулираат со граѓаните, шират омраза, ги силуваат институциите, ја блокираат демократската волја јасно изразена на изборите, ги тераат насила луѓето да излегуваат на протести без да знаат за што точно протестираат, фрлаат летоци полни со лаги, лепат плакати, ги оцрнуваат демократски избраните народни претставници… зашто знаат дека тоа им е единствената шанса ден повеќе да останат на слобода. Нивниот очај не познава граници.

Сакаме да ги повикаме на разумност нашите чесни сограѓани над кои се обидуваат да манипулираат криминалците од режимот. Не дозволувајте да ве вовлечат во нивните монструозни шеми кои се конструирани единствено за нивен спас. Вие сте чесни и работливи луѓе кои редовно си плаќаат даноци, кои си ја сакаат својата земја и работат за доброто на своите семејства и својата држава. Немојте да дозволите да станете инструмент во рацете на криминалната банда која единствено сака да ве искористи за сопствениот спас.“

Јавноста ја „прочита“ намената на пораката од излепените бели потерници за хушкачите на црните сценаристи за Македонија, па коментираат:
– „Предавник е оној кој со свои постапки и дејствија (оди на спонтан собир, урла и вика погрдни зборови, лепи и расфрла летоци) ги штити интересите на криминалната фамилија (Груевски-Мијалкови)!!!“

Пред десетици денови такви пораки, но со изглед на некролог беа излепени и расфрлани низ повеќе градови во Македонија со сликата и името на тамошните пратеници од редовите на СДСМ. Јавноста ја осуди таквата „посмртна“ пропаганда на ДПМНЕ. И, еве колку научија од осудата на непримерните пораки до граѓаните, не е некролог, туку „потерница“. Сепак и ова е говор на омраза кој треба да се осуети и осуди, во секој поглед.

Check Also

DSC_1470

Локалната власт го заборави, а ИПА фондовите ќе го спасуваат Динќут

После единаесет години заборавеност и запуштеност, општина Гевгелија со ИПА средства се подготвува да го …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *