Во гостиварската болница се одложуваат операциите за отстранување на катаракта

gostivar-bolnica
Во гостиварската болница во прекин е операцијата за отстранување на катаракта , поради административни  потешкотии. На листата на чекање за операција на катаракта (перде) на очите се наоѓаат околу 200 пациенти од Гостивар и околината се. Во соработка со Клиниката за очни болести од Скопје, гостиварската општа болница минатата година започна да ја изведува оваа оперативна техника. После десетина успешно извршени операции има прекин кој како што велат надлежните е поради административни потешкотии. Од болницата очекуваат проблемите да се надминат во скоро време и да се продолжи со операциите.

Во болницата во Гостивар лани беше воведена и ласерска интервенција кај пациенти со дијабетна ретинопатија. Првите три операции на катаракта на очи во болницата во Гостивар беа извршени во февруари 2016-та година под водство на стручен тим од Универзитетската клиника за очни болести.

 

Check Also

Зголемен бројот на сообраќајни прекршоци во полошкиот регион

  Се зголемува бројот на сообраќајни прекршоци во полошкиот регион. Прекршоците кои возачите но и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *