Кумановските кошаркари за прв пат ќе се борат за шампиони на Балканот

17626152_10211430627217221_2244812159008920695_n

Последната кошаркарска утакмица на домашен терен на КК Куманово со косовскиот клуб од градот Пеќ им го отвори патот на кумановските кошаркари за прв пат да се натпреваруваат за титулата шампиони на Балканот. Победата која што кумановските кошаркари ја освоија во мечот со Пеќ, им ги отвори вратите да станат финалисти во БИБЛ лигата и да се борат за на градот да му го донесат првиот шампионски пехар во целиот Балкански полуостров.

Во финалето ги чека бугарскиот клуб Берое, против кој во историјата кумановските кошаркари имаат една победа и еден пораз.

„Во полуфиналето со Пеќ беше тежок натпреварот од самиот старт, но останавме фокусирани до крајот и се боревме и сега одиме во финалето. Берое се доста подготвен клуб и ќе се фокусираме и ќе дадеме се од себа за да освоиме победа. Се надевам дека Куманово ќе победи за прв пат на оваа балканска лига и дека ќе го донесеме победеничкиот пехар на Куманово и неговите граѓани” – вели Јонел Браун, кошаркар на КК Куманово.

Check Also

Успешно интеретничко образование во Куманово

Успешно e спроведен проектот за интеретничко образование во Куманово со поддршка од УСАИД а спроведуван …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *