легализација

Легализацијата на дивоградбите во Гевгелија тапка во место

Со стартот на Законот за легализација на дивоградбите во Република Македонија, од март 2011 година до сега во Општина Гевгелија поднесени се вкупно 2.985 барања за добивање решение за легален статус на објектот.

Сепак од тоа решени се само 319 барања. Тоа значи дека со решение за правен статус на својот изграден објект се здобиле само 10,68 % од сопствениците-баратели.

Најголема пречка во остварувањето на ова право се трошоците на кои се обврзани барателите во комплетирањето на потребната документација за легализација на својот бесправно изграден објект, односно без издадено одобрение за градба. Тоа се само три документи наведени во Законот за легализација на дивиградбите:  уверение за државјанство или копија од лична карта, доказ за приклучок на комунална инфраструктура или сметки за јавни услуги и геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на објектот со имотен лист.

Е токму подготовката на елаборатот која чини од 300 до 500 евра, заедно со трошоците за имотен лист, па трошоците за легализација со цена од едно евро за секој изграден метар квадратен од нелегализираниот објект се пречките кои ги стопираат граѓаните во остварувањето на своето право за легализација на објектот.
Според Законот, општините во рок од шест месеци треба да ја издадат урбанистичката согласност по приемот на барањето, а во период од пет години легализираниот објект да го вградат во идните урбанистички планови.

Доколку барањето не е потполно со документите горе наведени, во рок од шест месеци Општината треба да донесе решение за запирање на постапката. Но, такво нешто не се случило во Општината Гевгелија од едноставна причина да не се запре  изворот на приливни средства од граѓаните. Имено, сите средства од легализацијата на индивидуалните објекти треба да се слеаат во општинските каси, а објектите кои нема да бидат легализирани ќе бидат третирани согласно одредбите од Законот за градење и ќе бидат отстранети од страна на надлежните инспекциски служби. Но, и такво отстранување досега се нема случено во Гевгелија.

Сето ова искуство изминативе години, од навалата на пријави за легализација на бесправно изградените објекти, од март 2011 кога почна да функционира Законот за дивоградбите досега граѓаните научија дека од немање пари за набавка на пропратната документација не може да бидат виновни што не можат да бидат газди на своето на хартија со катастарска заверка, додека траат овие законски норми.
Сепак, важноста на Законот е ограничена на шест години од денот на донесувањето и истата истече на 2 март годинава.

Check Also

DSC_1470

Локалната власт го заборави, а ИПА фондовите ќе го спасуваат Динќут

После единаесет години заборавеност и запуштеност, општина Гевгелија со ИПА средства се подготвува да го …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *