„Нема плата, нема мир” во Крива Паланка, работничките на протест

17626152_10211430632057342_8527000149317174213_n

Неколку стотици работнички од фабриката „Кадоро Ото“ во Крива Паланка маршираа низ улиците на Крива Паланка барајќи ги своите работнички права. Со години наназад во текстилната индустрија во Крива Паланка е забележено енормно кршење на работничките права, па така после долго време молк, работничките од компанијата „Кадоро Ото“ се дадоа на протест, каде што си ги бараат своите заработени пари.

Менаџментот на компанијата и покрај тоа што уште одамна им ги ветува заработените плати на работничките, се уште ги нема исплатено. Револтирани од ваквиот однос на компанијата, тие одлучија правдата да ја бараат на улица, каде што со пароли и извици бараа социјална правда, работнички права, како и здравствено осигурување на работничките во оваа компанија. Поддршка на работничките даде граѓанската иницијатива „Гласно” од Штип и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

На плоштадот во Крива Паланка на протестот на работничките се појави и градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски, кој ги обвини работничките дека биле политички мотивирани да протестираат, по што тие на лице место го демантираа, со тоа што дел од нив јавно се произнесоа како членки на Вмро Дпмне, но дека протестираат за нивните работнички права и сакаат да си ги добијат сработените плати.

Check Also

Успешно интеретничко образование во Куманово

Успешно e спроведен проектот за интеретничко образование во Куманово со поддршка од УСАИД а спроведуван …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *