Партнерство за подобра бизнис регулатива

Capture

Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа информативна сесија во Тетово. Поради недоволно познавање на законите и поради честите менувања на истите фирмите се соочуваат со инспекциски казни. Најчесто санкционирани се малите и средните претпријатија за прекршување на даночното законодавство, законите за работни односи, здравје и безбедност при работа како и законот за животна средина истакнаа учесниците од бизнис секторот од полошко на информативната сесија во рамки на проектот – „Партнерство за подобра регулатива“.

„На фирмите им недостига еден вистински тек на информации, како да се информираат и како да стигнат до тие информации. Исто така е проблем пребрзото менување на законите , без еден период каде што тие ќе бидат свесни за тоа и без да имаат едни канали кои што ќе придонесат информациите да стигаат навремено до фирмите“. – рече Тамара Тодоровска од Епи Центар  Интернационал.

Captures

Според Стопанската комора на Северозападна Македонија проблемите може да се надминат со учество на стопанствениците во носењето на законите. Со тоа што самите ќе бидат подобро запознаени со законските регулативи кои ќе бидат во согласност со нивните потреби и поедноставни.

Captured

„Генерацијата на тие закони треба да почне од самите компании тоа значи компаниите да креираат закон, додека владата треба да ги усвои и спроведува, а фирмите потоа да ги почитуваат истите. Но се случува обратно според дневните политики се донесуваат закони со доста празнини некогаш и контрадикторни.“  – рече Мендерес Кучи Стопанска комора на северозападна Македонија.

Check Also

Зголемен бројот на сообраќајни прекршоци во полошкиот регион

  Се зголемува бројот на сообраќајни прекршоци во полошкиот регион. Прекршоците кои возачите но и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *