Пожар во Штипско – Пенуш

17424844_10208612586857303_1066704230611695806_n

Денес на пладне избувнал голем пожар во Пенуш во близина на воeните магацини. Поради непристапноста и стрмноста на теренот во гасењето на пожарот  беа ангажирани штипската противпожарна станица со целиот капацитет, војниците на АРМ како и локалното население. Гасењето траеше долго а ветрот ја отежнуваше работата. Во овој дел често има пожари кои многу брзо се шират и прават непоправлива штета. Пред неколку години голем пожар во истото место пеплоса околу 500 хектари на нискостеблеста шума.

Пожарите се  чести, но превенцијата како секогаш да изостанува. Загубената шума многу долго нема да се надомести а за само десетина дена ова е веќе четврт пожар во регионот.

Како причина за пожарот се претпоставува дека е човечкиот фактор, невнимание или намера. Локалното население често ги палат стрништата и од нив се опожарува и шумската површина.

Територијалната противпожарна станица апелира до земјоделците да не отвораат оган особено во топлите месеци кој понатаму е потенццијална катастрофа.

Check Also

Експресна реакција на комуналниот инспектор

По реакцијата на одредени граѓани кои живеат во центарот на градот за „наводниот“ нелегален стационар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *