Пукната водоводна цевка го поплави кумановското Проевце

 

17626521_10211430630617306_6777420724913870996_n

Проблематичната водоводна цевка која им претставува долгогодишен проблем на жителите на населбата Провце во Куманово, повеќе не издржа и пукна. Станува збор за водоводна цевка за транзитен вод изградена во 2005та година од Градежен институт Скопје, додека претпријатието Водовод Куманово го зазело за одржување. Жителите на кумановското Проевце се жалат дека со години имаат проблем со истата цевка, која постојано испукува и предизвикува штета на проевското население.

Вчера во утринските часови истата цевка пукнала, со што предизвикала огромна штета кај жителите на овој дел на Куманово. Големи количини вода како гејзер  се вратиле од високата зона на населбата Карпош и преку испуканата цевка излегувале од земјата со што поплавиле неколку подруми од околните куќи, повеќе дворови и оштетиле три автомобили. Директорот на Водовод Горан Стојковски вели дека со осигуретелна компанија ќе биде проценета штетата предизвикана кај граѓаните и потоа тие ќе бидат обесштетени за истата.

„ Токму минатата недела имаше интервенции за оваа цевка, но таа не издржа ни пет дена. Поради тоа правевме и анализи изминатиот период, се обидувавме на различни начини да го решиме овој проблем – со заварување, спојки и друго, но бидејќи видовме дека ги ставаме на мака и жителите на Проевце, исто како и нашите вработени, поради тоа веќе распишавме тендер кој е завршен на 24ти март 2017, со што полиетенските цевки ќе бидат заменети со челични” – вели Горан Стојковски, директор на Водовод.

Check Also

Успешно интеретничко образование во Куманово

Успешно e спроведен проектот за интеретничко образование во Куманово со поддршка од УСАИД а спроведуван …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *