Експресна реакција на комуналниот инспектор

main1

По реакцијата на одредени граѓани кои живеат во центарот на градот за „наводниот“ нелегален стационар за бездомните кучиња од градот, се јави комуналниот инспектор од Штип, Лазо Богатинов, кој истакна дека експресно кучињата се дислоцирани и истите се вдомени на други локации од активистите кои ги хранат, терапираат и негуват овие кучиња. Тој истакна дека во иднина доколку некој сакак да направи прибежиште за животни тоа да го стори согласно законот за животни и да води грижа за нивната благосостојба.

Градот Штип мака мачи со бездомните кучиња за кои со години немаат никакво решение и истите или се труени или убивани или исчезнуваат без трага.

Во изминатите години градот имаше соработка со фирма од Куманово која ги заловуваше кучињата и ги згрижуваше во стационар во Куманово. Ваквиот третман на општината се виде како неуспешен поради тоа што кучињата за кратко време беа враќани назад или беа успивани.

И покрај заложбите,  сепак бездомни кучиња има по улиците на Штип и кога некој сака да им помогне истите наидуваат на опструкции од општината. Таа од друга страна никако не може  да се справи со бездомните животни и овој проблем воопштио не го става на дневен ред.

Активистите се револтирани и реагираат дека тие прават нешто наспроти општината која само ги негира нивните заложби. Овие активисти заедно со здружението за грижа на животните „Спаси Живот“ остануваат на своите заложби за помагање на бездомните кучиња и нивно згрижување.

 

Check Also

Пожар во Штипско – Пенуш

Денес на пладне избувнал голем пожар во Пенуш во близина на воeните магацини. Поради непристапноста …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *