ekonomska demokratija

Трибина за економска демократија во Струмица

Како дел од трибините низ Македонија на тема економска демократија, што се организираат во рамките на проектот финансиран од Швајцарската агенција за развој „Цивика Мобилитас“, утре ќе се дебатира во Струмица.

На шестата трибина, насловена „Економска демократија: странски инвестиции, работнички права и кооперативи“ ќе се дискутира околу следните прашања: Колку пари потрошила државата за странските инвестиции? Што оствариле овие фирми? Дали се почитуваат работничките права во нив? Исто така ќе се дискутира и за кооперативите како алтернативен модел на економско организирање во Македонија.

Говорници на трибината ќе бидат Соња Стојадиновиќ и Јордан Шишовски од ЛД „Солидарност“ и Бранимир Јовановиќ од Институтот за општествени и хуманистички науки. Домаќинка на настанот ќе биде Олимпија Христова Заевска од Централноевропскиот универзитет и Импакт – Институт за истражување.

Трибината ќе се одржи во петок, 31.03.2017, од 17 часот, во просториите на Домот на АРМ (стара сала на Советот на општина Струмица).

Check Also

DSC_1470

Локалната власт го заборави, а ИПА фондовите ќе го спасуваат Динќут

После единаесет години заборавеност и запуштеност, општина Гевгелија со ИПА средства се подготвува да го …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *