Во Куманово нема да има вонредна седница на Советот

17634366_10211430629217271_4889559553796488545_n
И покрај официјалните барања на локалната опозициска Вмро Дпмне итно да се свика вонредна седница на Советот при Општина Куманово, со што ќе се разговара за изминативе локални настани, но советниците на оваа партија не поднеле барање за свикување на седница. Претседателот на Советот на Општина Куманово Александар Арсиќ на своја иницијатива ги повикал координаторите на советничките групи, каде што ги запознал на законските процедури и можности за свикување на седница и ги информирал околу тоа дека досега ниеден советник не побарал итно свикување на седницата по законски пат, туку само на партиски прес конференции и низ медиумите.

„ Согласно член 29 од Статутот на општина Куманово, седниците на Советот ги свикува претседателот на своја иницијатива, на барање на градоначалникот или на барање на најмалку една четвртина од членовите на Советот, и тоа во рок од најдоцна 15 дена од денот на поднесувањето на барањето.– вели Александар Арсиќ, претседател на Советот при општина Куманово

Советници на Вмро Дпмне изминатиов период низ медиумите и преку своите партиски прес конференции бараа итно свикување на седница на Советот, каде што ќе се расправа за случајот со директорот на кумановската гимназија, исто како и за наводниот инцидент на маршот таканаречен „За заедничка Македонија”.

Но и покрај нивните повици, тие не поднеле барање за свикување на седница. Претседателот на Советот Арсиќ смета дека нема потреба од вонредна седница и дека тоа се свикува поврзано со прашања за безбедноста и сигурноста на граѓаните, како што се случаи со пожари, земјотреси, војни и слично. Тој додава дека наредната редовна седница на Советот ќе биде на 5ти април, каде што советниците ќе можат да предлагаат точки за дневен ред и да дискутираат за истите.

Check Also

Успешно интеретничко образование во Куманово

Успешно e спроведен проектот за интеретничко образование во Куманово со поддршка од УСАИД а спроведуван …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *