И судската служба од Охрид со подршка за бојкотот на денот на Македонското правосуство

 

Sud-Ohrid (1)
Денес се одбележува денот на Македонското правосуство. Од Здружението на судска администрација на Република Македонија изјавуваат нема да дадат поддршка на годинешните активности за одбележување на Денот на основањето на судовите. Судската служба останува на своите барања за зголемување на платите, потврдува Борче Мирчевски, претседател на Здружението на судска администрација на Република Македонија.

„ Некогаш револтот е поголем поради занемарување на сите финансиски работи. Воопшто во органите кои одлучуваат за финансирањето, значи, за исплатата на плати, конкретно во судскиот буџет, судската служба нема свои претставници и координатор, кој би можел да зборува во нивно име. Добивме дописи од неколку подружници од судови во Македонија, кои ќе го бојкотираат Денот на правосудството во Република Македонија. Препораката е да не учествува судската служба на одбележувањето на денот, поради нееднаквниот третман.“ –  појаснува Мирчевски.

Ова следува како реакција на тоа што на службениците кои учествувале во штрајкот на судската администрација, биле им било одредено казна со 40% намалување на платата за два месеци. Тие се револтирани бидејќи судиите, обвинителите и обвинителните службеници добиваат зголемување на платите а судската служба е изоставена од ова.

Check Also

Со проект на локалната самоуправа на Охрид ќе се заштитуваат охридските чинари

  Седумте платанови стебла во Охрид со Законот за заштита на природните реткости од 1973 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *