Извисени пензионерите од Штип и Кочани

nikogash-ne-e-docna-za-da-se-svrti-nekoj-para-247055

На крајот од мандатите на градоначалниците излегуваат одредени ветувања на виделина за кои многу се ветуваше,а ништо не се реализираше од ветеното.

Во Штип здружението на пензионери со свои заштедени средства започна со изградба на дом за стари лица, но по извесен период оваа градба беше прогласена за дивоградба уште во нејзиното градење бидејќи ја немаше целата потребна документација.  Општината на секое обвинување даваше контра обвинување кон опозицијата која го следеше целиот случај дека сето тоа се шпекулации и неточни обвинувања. Но, сега на крајот од мандатот на општинскта власт претседателот на здружението на пензионери Александар Захариев вели дека ова здружение нема повеќе средства и градбата не можат да ја дозавршат.

Истата судбина ја делат и кочанските пензионери  кои според нивниот претседател Ѓорѓи Серафимов се заложници на актуелната политичка состојба и немаат можност да ги продолжат процесите за отпочнување на градба иако е одредена парцелаза градење и е направена пресметка за градба во висина од 2,300.000  евра. Меѓутоа потребно е да се пронајде и партнер кој во јавно – приватно партнерство понатаму ќе стопанисува со домот.

Во текот на четирите години на владеење на актуелните градоначалници во овие две опшштини речиси секој месец се следеше постапката за градба и воопшто градењето на домовите преку локалните телевизии. И по четири години неизвесно е дали штипските пензионери ќе го добијат домот исто како и кочанските кои имаат подолг пат за одење од штипскиот бидејќи во Кочани градбата воопшто не е ни започната.

 

Check Also

Експресна реакција на комуналниот инспектор

По реакцијата на одредени граѓани кои живеат во центарот на градот за „наводниот“ нелегален стационар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *