Јавна дебата „Згрижување деца од улица“ се одржа во Струга

17498788_1613688978656398_401550267649333569_n

 

Центарот на заедницата на општина Струга денес организраше  дискусија на темa Згрижување на деца од улица“. Катерина Талеска Скепароска, проект координаторот на Центарот, ја истакна потребата од поголем ангажман од страна на институциите за надминување на овој проблем со координирано делување на  институциите кои се занимаваат со оваа проблематика.

„Најчесто овие деца се од ромска националност и се на возраст од 7 до 14 години и можиме да ги поделиме во неколку групи, деца од семејства каде се нарушени односите, деца без родители или деца каде што родителите се разделени. Децата на улица претставуваат оние деца кои што секојденвно се наоѓаат на улица“.

,,Питачењето како појава не загрижува и нас во Центарот за социјална работа,, – вели Беким Баута. Тој истакна дека  треба да се преземат мерки за надминување на овој проблем или истиот да биде намален. Баута смета дека полициската служба треба повеќе да се вклучи, со поставување на пунктови на двата влеза во градот, да се пратат возилата со кои се носат питачите бидејќи  со цел да  можат да се идентификуваат луѓето кои се организатори на доаѓањето на питачите во Струга.

„Јас не дека се сомневам туку сум сигурен дека овие деца заедно со нивните родители се носат на организиран начин во Струга. Престојувалиштето не им се знае дали секојдневно доаѓаат од другите градови или пак непријавени во градот престојуваат преку ноќ тука и утредента излегуваат на улица.“

Претседателот на координативното тело Неџми Мустафа, истакна дека општина Струга веќе направила план како да се справи со овој проблем.

„Проблемот за кој што ќе дискутираме денес дава лоша слика за градот, не можеш пример мирно да пиеш кафе во Струга бидејќи е зголемен бројот на децата на улица и питачите и затоа денес сме мобилизирани сите институции заедно, да соратуваме и од денес да решиме како да се справуваме со проблемот ако не потполно да го решиме барем да изнајдат можни решенија за намалување на бројот и да се подобри ситуацијата.“

Координативното тело  на територијата на општина Струга го сочинуваат претставници од  повеќе институции како што се Центарот за социјални работи, МВР, општина Струга, Црвен крст, Здравствен Дом, Ученички Дом и невладиниот сектор. Задача на координативното тело е да врши надзор  и отстранување на лицата кои ќе бидат затекнати при вршење на питачење на територијата на општина Струга.

 

Check Also

Со проект на локалната самоуправа на Охрид ќе се заштитуваат охридските чинари

  Седумте платанови стебла во Охрид со Законот за заштита на природните реткости од 1973 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *