НВО напад

17630029_10208619034658494_5535468592721808201_n
По вторпат беше нападнато седиштето на здружението кое  ги застапува текстилните и кожарските работници  ,,Тивкото мнозинство- Гласно,, во Штип. Kако и првиот пат здружението е каменувано и причината e одредена материјaлна штета. Полицијата ден по нападот излезе на увид, направен е записник и истата порача дека ќе го истражува случајот. Пред неколку месеци здружението, неговите простории беа нападнати на истиот начин, но полицијата и по толку долг период не дојде до ниеден доказ и трага од сторителите и покрај посочените докази од очевидци и поставените камери во непосредна близина.

Како и тогаш така и сега претставниците на здружението посочија дека нападот кон материјалните нешта во здружението се минорни во замена за нападот врз работниците и нивните права. Работниците веќе две децении се експлоатираат и се држат надвор од можноста да се претставуваат сами и да ги подобрат своите права.

Ова здружение веќе една година работи на проблемите на овие работници , измени на законите кои се однесуваат на работното време и законот за работни односи како и на целата проблематика околу минималната плата, која е со специјална намена за текстилните и кожарскитте работници.

Секогаш кога здружението излегува на протест или застапува одредени работници поради одреден проблем или прекршени права, настапува вандалски напад врз просториите на здружението.

,,Ниту еден камен нема да не поколеба во патеката која ја одиме заедно со сите овие најугнетени работници во нашата држава. Тие ја имаат нашата поддршка и ние сме сигурни дека во следниот период ќе настојуваме помотивирано да ги менуваме работите на подобро.,, – вели претседателката на здружението Кристина Ампева.

Во овој период ова здружение заедно со Хелсиншки комитет  застапува 150работниците од Крива Паланка кои три месеци немаат добиено плата, а се вработени во кожарска фабрика, странска инвестиција од Италија.

 

Check Also

Експресна реакција на комуналниот инспектор

По реакцијата на одредени граѓани кои живеат во центарот на градот за „наводниот“ нелегален стационар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *