Изложба во чест на Борис Чипан- „По трагите на еден модернист“ вечерва се отвора во Скопје

17634344_1613681405323822_3826016237446478399_n

Во организација на Музеј на град Скопје вечерва ќе биде отворена изложба во чест на Борис Чипан „По трагите на еден модернист“. Куратор на изложбата е архитект Фросина Зафировска, а ќе ја отвори д-р проф. Минас Бакалчев, декан на Архитектонски факултет УКИМ, Скопје.

Концептот на изложбата е со цел  го  презентира професионалниот  и животен пат на архитектот Борис Чипан (27 март 1918 – 31 март 2012), кој е едно од најеминентните имиња   на македонската современа архитектура.некогата работа е распослана во неколку области  како што се архитектонско проектирање, заштитата на градителското наследство, архитектонското образование и архитектонската публицистика.

Изложените предмети дел од професионална оставина, донирана од семејството Чипан на Музејот на град Скопје, сублимирана во „Збирка на архитект Борис Чипан“. Збирката содржи над петстотини предмети, меѓу кои: оригинални проекти, цртежи, скици, студии, ракописи, белешки, фотографии, исечоци од весници, дигитални записи, награди, плакети, книги и други предмети кои Борис Чипан педантно ги собирал и чувал, а кои се сведоштво на неговото долгогодишно, богато професионално делување.

Борис Чипан е роден и израснат во Охрид, спрема кој чувствува огромна љубов, од кој ја црпи инспирацијата и на кој ќе му се навраќа целиот свој живот.Своето  високо образование го завршува во Белград во класата на проф. Б. Коиќ, на тема „ Центар на селска населба“ во 1941 година.

Од 1944 до 1946 година работи на изградба на  мостови на  територија на Пехчево, и работи на обнова на разрушените села во Македонија. Чипан е  основополжник на заштитата на македонското градителско наследство. Во 1949 станува прв директор на тогаш основаниот Републички завод за заштита на културно-историски споменици. Од овој период посебно се истакнува  конзервацијата на Св. Софија, катедралниот храм на Охридската архиепископија, Покај тоа Чипан работи и  на конзервацијата  на многу други објекти од културно архитектонски значење за Македонија ,како пто се  црквата Св. Пантелејмон во Нерези, Даут-пашиниот амам и Куршумли ан во Скопје, Св. Богородица Перивлепта во Охрид, како и многу објекти од градската архитектура во Охрид.

Check Also

Со проект на локалната самоуправа на Охрид ќе се заштитуваат охридските чинари

  Седумте платанови стебла во Охрид со Законот за заштита на природните реткости од 1973 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *