Соларна сушара за храна презентирана во Јегуновце

Capture

Наместо традиционално сушење на сонце изложени на атмосферски влијанија, овошјето и чајевите ќе можат да се дефидрираат во строго контролирани хигиенски услови. Преставници од бизнис секторот и земјоделците присуствуваа на обука како се користи соларна сушара зa храна. Обуката ја спроведува локалната акциска група „Скардус“ и беше одржана во Јегуновце.

„ Обуката е да се мотивираат земјоделците да почнат да користат сушари затоа што преку сушарите може да се обезбеди сушено овошје, зеленчук, сушени шумски плодови, лековити билки, чаеви дури и месо и риба на многу пософистициран начин, без надворешни влијанија како прашина или дожд. На него има електроника којашто може да се подеси автоматскии мануелно. Тоа значи ако процесотоп фати период кога веќе нема сонце тогаш може да се вклучат греачи и вентилатори со кое ќе има струење на воздухот и ќе имаподеднаква влажност.“ – рече Бојислав Антовски од ЛАГ „Скардус“.

Captures

Обуката има за цел да се потикнат земјоделците преку иновации да бидат поконкурентни на пазарот. На овој начин не само што ќе им биде економски исплатливо и ќе го решат проблемот со краткиот рок на овошјето, туку и ќе можат да размислуваат за нови бизниси со дехидрирана храна.

„ Има повеќе предности за земјоделците со набавка на еднаваква сушара, поради тоа што ќе го решат во добар дел проблемот со пласманот на производите , бидејќи свежите производи знаеме имаат помала трајност и со сушење на производите земјоделците ќе можат да ги продадат и во друга фаза и со тоа ќе имаат поголем економски бенeфит.“ – рече Никола Бујуклиев од „НексКонсалтинг“ Штип.

Captured

Овој проект има за цел да се потикне руралниот развој и економски раст на руралните средини преку иновации и модернизација на земјоделското производство.

 

Check Also

Зголемен бројот на сообраќајни прекршоци во полошкиот регион

  Се зголемува бројот на сообраќајни прекршоци во полошкиот регион. Прекршоците кои возачите но и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *