Старата општинска зграда – село Облешево

17553521_10208618388802348_7034551329109709254_n

Во село Облешево кое во склоп на општината Чешиново –Облешево општинската зграда која со децении се користеше за потребите на селото и селата од околината како матична служба, зграда во која имало постојана медицинска сестра како и општ лекар. Зградата била одржувана како внатре така и надвор, односно зеленилото во дворот.

По неколку децениско одржување и употребување на зградата,  новите власти во општината сосема ја заборавиле оваа зграда, можеби поради фактот што во ова село кое е воедно и седиште на општината воопшто нема општ лекар ниту пак медицинска сестра. Постоечката амбуланта е затворена.  Матичната служба е истотака затворена и зградата е оставена  сама на себе. Во неа се сместени социјални семејства од ромска националност  и едно семејство кое има пет деца,а кое се издржува само од социјална помош. Поради нивната финансиска немоќ семејствата не можат да ја одржуваат зградата и таа се повеќе пропаѓа.

Во летниот период особено е  ширењето на реа од зградата, како и потенцијалната зараза која може да се рашири низ селото доколку општината не го реши проблемот. Жителите на селото многу пати реагирале кај градоначалникот, но на нивните реакции оштината сеуште не реагира.

Check Also

Експресна реакција на комуналниот инспектор

По реакцијата на одредени граѓани кои живеат во центарот на градот за „наводниот“ нелегален стационар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *