акција струмица

Акција за генерално чистење на градот Струмица

И оваа година Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од Струмица организира пролетна акција на чистење на градот Струмица и околните населени места.

Акцијата под мотото „За чиста струмичка пролет“ започна минатата недела кога од две населби од градот беа подигнати 81 метар кубен разновиден отпад, градежен шут, земја, стар мебел, стари апарати за домаќинство.

Во акцијата освен вработените на комуналното претпријатие се вклучуваат и граѓаните. Единствено што граѓаните треба да направат е да го извадат својот отпад од своите дворови, подруми, и да го известат комуналното претпријатие кое уште истиот ден ќе дојде да го подигне.

Акцијата продолжува и утре на 02.04.2017 – недела и во нејзе ќе бидат опфатени вкупно 44 улици од градот.

Check Also

17626152_10211430632057342_8527000149317174213_n

Хелсиншкиот комитет за човекови права го поддржува штрајкот на текстилните работнички и работници од Крива Паланка

Интегрално соопштение на Хелсиншкиот комитет за човекови права: “Хелсиншкиот комитет за човекови права го поддржува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *