DSC_1470

Локалната власт го заборави, а ИПА фондовите ќе го спасуваат Динќут

После единаесет години заборавеност и запуштеност, општина Гевгелија со ИПА средства се подготвува да го уреди излетничкото место Динќот

Се работи за мало излетничко место одалечено само два километри од градската гужва, отсекогаш привлечно за гевгеличани за прошетки и починка во природа. Некогаш интересна атракција за децата и младите поради присуството на лулашки, вртелешки, вратило, клацкалки, клупи и дрвена куќичка за починка кои со забот на времето ги снема од овие простори. Тогашниот концесионер за стопанисување со овој локалитет, Димитар Митренцев не доби продолжување на концесијата, па безидејните локални челници го оставија просторот на забот на времето.

Гевгеличани не ја заборавија навиката да го посетуваат ова место, но често негодуваа дека заради отсуството на урбаната опрема наменета за рекреација просторот станал свртилиште на зависници, кои зад себе оставале употребени шприцеви, пластичен отпад и куп ѓубриште кое никој не го собираше зад себе.

DSC_1472

DSC_1484
Уредувањето на туристичкиот локалитет Динќут во Гевгелија е дел од Туристичкиот акционен план за Гевгелија и Валандово за периодот од 2006 до 2011 година. Петгодишниот план за развој на туризмот запна во својата реализација со смена на локалната политичка гарнитура која го пишуваше документот и со задоцнување од 11 години истиот е на пат да се реализира со помош на Програмата за прекугранична соработка преку ИПА фондовите.

Со проектот „Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион за подобра видливост и пристап“ Гевгелија ќе добие од ИПА-ППС средства во износ од 169.692 евра за уредување на излетиштето Динќут. Проект партнер за пристап до европските фондови за прекугранична соработка на општина Гевгелија и е бугарската општина Банско.

Со завршувањето на мандатот на локалната гарнитура, се’ поизвесно е дека реализацијата ќе чека уште некој месец до свое остварување, зошто најпрво треба да следува потпишувањето на договорот за реализација во Министерството за регионален развој на Бугарија, за потоа да бидат отворени тендерските постапки. Некој ќе потпише, но кој ќе сече црвена лента за пуштање во употреба на новиот изглед на Динќут е неизвесно заради претстојните локални избори во Македонија.

DSC_1481

Check Also

17626152_10211430632057342_8527000149317174213_n

Хелсиншкиот комитет за човекови права го поддржува штрајкот на текстилните работнички и работници од Крива Паланка

Интегрално соопштение на Хелсиншкиот комитет за човекови права: “Хелсиншкиот комитет за човекови права го поддржува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *