str

Гореше трска на Женска плажа во Струга

Денес во претпладневните часови пожар го зафати крајбрежните дел со трска  на Охридското езеро, поточно на Женска плажа во Струга.

Екипа од противпожарна бригада од Струга успеа да го локализира и изгаси пожарот пред тој да зафати подолем дел од трската. Активистите од невладините организации стравуваат дека во пожарот можеби настрадале младите лебеди кои имаат свои живеалишта во овој појас.

ддф

„Не се проблем трските чиј корен ќе остани и ќе пушти нови млади трски! Проблем се штотуку испилените лебедчиња кои живи изгореа! Проблем се и разно-разните други птици!“, напиша на својот  Фејсбук  профил активистот Васко Јолевски од Здружението „Каприкорн2010“, објавувајќи и фотографии од пожарот.

фдф

Бројни граѓани на социјалните мрежи споделија слики од настанот и загриженост и огорченост од вакви појави кои зачестија во последниов период. Пред извесно време голем пожар уништи  голем дел од трската  кај месноста Подмоље. Тие повикуваат надлежните институции да преземат соодветни мерки, како и да се најдат причините или сторителите.

Фото:  Охрид СОС

Check Also

Со проект на локалната самоуправа на Охрид ќе се заштитуваат охридските чинари

  Седумте платанови стебла во Охрид со Законот за заштита на природните реткости од 1973 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *