првакструмица

Струмички ученик прв на меѓународен фестивал во Москва

„Отворена планета – отворена порта“ е меѓународен музички фестивал кој минатата недела (21 – 26 март) се одржа во Москва, Русија под покровителство на УНИЦЕФ, а на кој престижното прво место го понесе ученик од Струмица.

Младиот гитарист Стојан Стојанов од СОУ „Јане Сандански“ Струмица како учесник од Македонија го освои првото место во категоријата „инструментална изведба“ и стана носител на престижната награда „Гранд При“ за 2017 година.

Достигнувањето е дотолку поголемо што манифестацијата собра учесници од повеќе земји во светот и како таква веќе завзема место помеѓу членките на светската Асоцијација на фестивали World Association of Festivals (WAF).

Покрај наградата, златниот трофеј, младиот виртуоз на гитара поканет е од тамоѓните руски музички организатори да учествува и настапува на сцената од најголемите концертни сали во Москва.

Check Also

17626152_10211430632057342_8527000149317174213_n

Хелсиншкиот комитет за човекови права го поддржува штрајкот на текстилните работнички и работници од Крива Паланка

Интегрално соопштение на Хелсиншкиот комитет за човекови права: “Хелсиншкиот комитет за човекови права го поддржува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *