pazar1

Новиот пазар во Гевгелија остана недовршен

Најавата за покривање и пуштање во употреба на новиот градски пазар на крајот од месец март, се изјаловија.
Бетонираниот простор од 5.888 метри квадратни со издигната челична конструкција во месноста Караорман ниту оддалеку не најавува дека ова е конечен проект од новиот Градски пазар во Гевгелија.
Инвестиција започната 2012 година, а најавена дека ќе заврши кон крајот на  2013 година, еве веќе петтата година по ред ја чека својата реализација. Иако нотирана во Општинските програми за работа изминативе години од почетокот на инвестицијата секогаш останува недовршена и пренесена за следната година.
На истекот од мандатот, на последната 60-та редовна седница на Советот на општина Гевгелија советниците од опозицијата го запрашаа градоначалникот Франгов: – „Зошто го пишува Градскиот пазар како завршен проект во Извештајот на градоначалникот за 2016 година кога тој не е готов?“

Во своја одбрана градоначалникто посочи: „Важно се работи, ако не е готов. Еве, ако даде бог ќе биде готов до крајот на месец март, или до Велигден“.

Март помина, а кровот на пазарот никаде го нема. Но сега сме 2017, а во Извештајот за работа на градоначалникто на општина Гевгелија за 2016 (стр. 5 и 6), во поглавјето „Локален економски развој“ се наведува дека со реализација на локални инвестициони проекти се поттикнува економскиот развој. Како може празно, недовршено градско пазариште да биде поттик за локален економски развој на општината за 2016?

Од ветувањата на градоначалникот Иван Франгов можеби не боли глава, ама Гевгелија тапка во место.

Check Also

17626152_10211430632057342_8527000149317174213_n

Хелсиншкиот комитет за човекови права го поддржува штрајкот на текстилните работнички и работници од Крива Паланка

Интегрално соопштение на Хелсиншкиот комитет за човекови права: “Хелсиншкиот комитет за човекови права го поддржува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *