dzeljo

ШТО АКО РЕЖИМОТ ОДЛУЧИ ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА НЕ ЈА ПРЕДАДЕ ВЛАСТА?

Тој ден во Собранието не влезе народ, како што тврди ДПМНЕ и режимските гласасила, туку паравојска, помогната од структури во регуларната полиција! Народот е шминка. Шминка за да се прикријат оние со качулките на глава.

Груевски и режимот тој ден, покрај насилството во Собранието, беа поразени. Изгубија претседател на Собранието, изгубија во очите на јавноста, изгубија и кај меѓународната заедница. Зоран Заев и новото парламентарно мнозинство добија голема битка. Нивната добиена битка е уште една победа за сите кои се за демократска Македонија.

Но, дали е тука крајот? Дали е навистина готово?

Видовме дека режимот има паравојска. Видовме дека режимот има ресурси да продуцира конфликт кога сака, има монструми жедни за крв, има медиуми, има многу пари. Што ако режимот одлучи по секоја цена да не ја предава власта?

Ми се чини и дека под притисок на пријателите од Западот, спротивно на вољата на дел од партиските функционери, ДУИ конечно е извлечен од скутот на Груевски. Ми се чини.

Која е понатамошната стратегија на СДСМ и новото парламентарно мнозинство не знам, важно е дека најавија дека нема да запрат додека не добиеме нова Влада. Длабоко ја почитувам одлуката на СДСМ и партнерите да не ги мобилизираат своите поддржувачи и пратениците сами да се жртвуваат. Херојски, нема збор! Сепак, ја користам оваа прилика да ги повикам и да ја преиспитаат во согласност на контекстот на следните случувања.

Талат Џафери следната седница ќе ја води како нов претседател на Собранието, признаен од САД, ЕУ, НАТО. Следната седница треба да биде кога новото парламентарно мнозинство ќе одлучи да биде, на чело со новиот спикер. Се надевам што побрзо.

Како логични се поставуваат прашањата:

– Дали паравојската на режимот ќе ги нападне повторно пратениците?

– Дали полицијата ќе сака да обезбеди услови за одржување на седницата?

Пратениците ја имаат поддршката од меѓународната заедница, но во Македонија мора да ја добијат од нас, нивните гласачи.

Џељо Хоџиќ

Check Also

dupka

Хром: Проблеми со канализација, водата, струјата

Жителите на Хром се жалат на проблеми со канализацијата која поради слабиот капацитет истекува во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *