hojtli

Хојт Ји: Парламентарното мнозинство треба да предложи владина програма, за која треба да се расправа во парламентот

Претставникот на САД, господинот Хојт Ји, истакна дека САД ќе продолжат да соработуваат со сите главни чинители за остварување на целта на стабилна, демократска и просперитетна иднина на Република Македонија.

Хојт Ји побара темелна истрага и изнесување пред правдата на напаѓачите на собранието на 27 април 2017.

Хојт Ји истакна дека во парламентот треба да се дебатира за владата и владината програма која, како и во секоја друга европска демократија, треба да ја предложи парламентарното мнозинство.

Хојт Ји истакна дека САД ќе помогнат во реформите на новата влада за приближување кон ЕУ и за влез во НАТО.

Хојт Ји оствари средба со сите чинители, вклучувајќи ги и средбите со новиот претседател на Собранието Талат Џафери, и претставниците на СДСМ, кои имаат парламентарно мнозинство во собранието заедно со ДУИ и АА.

hojtzaev

Check Also

dupka

Хром: Проблеми со канализација, водата, струјата

Жителите на Хром се жалат на проблеми со канализацијата која поради слабиот капацитет истекува во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *