гgrujo

Груевски се „бори не само за да ја задржи фактичката контрола врз владата, туку и за да ја зачува својата слобода“

„Постојната криза во Македонија може да стане дестабилизирачки фактор за регионот, доколку ЕУ не преземе поодлучна акција“, се вели во коментарот на тинк-тенкот Европскиот совет за надворешни работи.

За овој тинк-тенк нема сомнение дека парламентот и пратениците беа нападнати од „поддржувачи на владејачката ВМРО“, по изборот на Талат Џафери за претседател на собранието кој ќе биде обжален пред Уставниот суд контролиран од ВМРО.

„Проблемот Груевски“ е посебен дел од анализата, во кој се укажува дека Груевски се „бори не само за да ја задржи фактичката контрола врз владата, туку и за да ја зачува својата слобода“.

Ако се формира нова влада, Груевски и неговите партнери можат да завршат во притвор, и затоа ВМРО се обидува да ги блокира чекорите кои водат кон создавање нова влада, со цел да изнуди нови избори.

Во анализата се тврди дека иако кризата во сржта е политичка, постои ризик за меѓуетничко насилство, откако ВМРО активно се обидува да создаде меѓуетничи тензии со втерување страв кон Албанците: „Постојната криза е првенствено за политичка моќ, со присутни ризици за подривање на мирната транзиција на власта… но, инструментализирањето на меѓуетничките тензии може да ја трансформира политичката криза во етничка.“ За да се спречи ова, аналитичарите препорачуваат поодлучна акција на ЕУ, која „мора цврсто да застане на принципот дека предизвикување етничко насилство не е опција на Западниот Балкан денес, без оглед на тоа кој е на власт“.

„Македонската криза сега има потенцијал да го дестабилизира поширокиот Западен Балкан испраќајќи порака дека оние кои не сакаат да ги почитуваат демократските правила на игра можат да се извлечат со употреба на насилство, и дека ЕУ нема да направи ништо за са ги сопре“, стои во анализата.

Коментаторите Весела Чернева и Фредрик Веслау препорачуваат ЕУ да интервенира пожестоко и дека „наскоро индивидуални санкции можат да станат неопходни“. Покрај политичката изолација на ВМРО, тие препорачуваат ЕУ да биде подготвена да го признае изборот на нова влада, дури и без мандат од страна на претседателот, и проактивно да соработува со неа.

Check Also

pravda

Кампања „Прав(д)а за сите“: Напаѓачите на ЛГБТИ луѓето да се изнесат пред суд!

Вчера, при одбележувањето на 17 мај, меѓународниот ден за борба против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *