Protest

АНАЛИЗА: Екстерното оценување – под нож!

Protest

Екстерното оценување – пред укинување. Бурни реакции предизвика најавата на СДСМ дека овој модел по четири години ќе се укине

 

Пишува: Анета Додевска

Предлог измените на законите за основно и за средно образование веќе се доставени до Собранието. Од парламентраното мнозинство се надеваат дека измените ќе го поминат собранискиот филтер наскоро за да може да се стаса со укинување на годинашниот процес на екстрените испити, пишува Portalb.mk во новата неделна анализа.

Овој модел го водеде власта во заминување со образложение дека на ваков начин ќе се засили контролата во знаењето и во оценувањето на наставниците, но според експертите, поранешни министри за образование концептот прерасна во “награда-казна“ и за едните и за другите.

 

Укинување на екстерното – чекор напред или назад? 

Предлог измените на законите за основно и за високо образование стасаа во Собранието. СДСМ предложи укинување на екстреното оценување, ветување што беше дадено и вградено во програмата на партијата. Моделот, што според досегашната власт,  требаше да квалитативно да го подобри образованието се претвори во концепт за притисок и страв  и кај наставниците и кај учениците, коментираат дел од поранешните министри за образование.

„Сметам дека целта не беше стратешка, уште помалку за подобрување на квалитетот на образованието па затоа не можам да давам некоја квалификација во таа гледна точка. Оваа мерка како и други, беше воведена за дневно политички потреби, за контрола на наставниците како гласачко тело. Во Европските земји има разни модели, но поуспешните се секако стимулативните методи, инвестициите во нови методи и модели, според потребите на општеството. Но и најдобрите европски пракси, се осудени на пропаст ако тие се злоупотребуваат, односно кога нема чиста почва за развој – коментира за Portalb.mk  еден од поранешните министри за образование Сулејман Рушити.

 

Предлагачот на измените, СДСМ веќе ја достави инцијативата до Парламентот. Од партијата очекуваат дека измените ќе се усвојат  по скратена постапка  за да може уште од оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование.

„Овој таканаречен проект даде негативни резултати, наместо да влијае на подобрување на образовниот процес. Обратно од се ова, новата Влада и новото парламентарно мнозинство се цврсто определени да работат на решенија што ќе придонесуваат за квалитетно образование од коешто ќе излегуваат оспособени и стручни кадри. Ќе работиме, како што ветивме, не преку казни, туку по принципот на награди. Така ќе ги мотивираме учениците, наставниците и професорите, училиштата, да се заложуваат за резултати во образованието, како важен сегмент преку коишто ќе се развива и општеството во коешто живееме“ – изјави Стефан Богоев, претседател на СДММ и пратеник во Собранието.  

 

Бесмислени санкции

Од научната фела велат дека и по повеќе години од воведувањето на екстерното оценување, нема конкретна анализа какви ефекти даде овој модел.

„Некои од  санкциите што се предвидени за наставниците се  бесмислени, како што е ставањето на непреодни оценки во завршните свидетелства, а други беа драстични, како што беше предвиденото бркање од работа на наставниците базирано на разликата помеѓу оценките на учениците од континуирното и од ектерното оценување. Оваа програма за екстерно тестирање  беше воведена целосно спротивно на тековите на развитокот на нашето образование и на неговите темели. Ниту се добиени подбрувања, ниту пак можат да се очекуваат во иднина подобрувања“ – коментира универзитетскиот прфесор и поранешен министер за образование Ненад Новковски.

Професорот Рушити смета дека моделот на екстерно треба целосно да се укине а образованието да се деполитизира.

Мислам дека треба да се укине и во целосниот пакет на реформата на образованието да се имплементираат модели кои ке бидат компатибилни и со намера на подобрување на процесот а не на контрола на наставниот кадар од страна на политиката. Сметам дека во образованието има многу за менување, но како прво и најважно е да се менува политиката во однос на образованието. Мислам дека има доста за инвестирање и во хардверот и во софтверот. Најважно од се е департизација на образованието, охрабрување на сите експерти за да се креира една автентична стратегија, секако, земајќи ги предвид стартешките цели но и компарирајќи ги со земји слични на нашата, кои го изоделе патот кој треба ние да го поминеме“ – вели за Portalb.mk професорот Рушити.

 

Власта во заминување го воведе екстреното оценување со образложение дека целта е да се оцени колку наставниците објективно го вреднуваат знаењето на учениците. Сегашните законски решенија предвидуваат награди и казни за наставниците со најмалку, односно најмногу отстапување меѓу оценката од тестот и оценката која ученикот ја добил во наставата. На најавата дека екстреното ќе се укинува, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Намерата на СДС да го укине екстерното тестирање не е реформа, туку антиреформа. Намерата на СДС да го укине екстерното тестирање е додворување на дел од родителите кои се третираат само како потенцијални гласачи, а не и како луѓе на кои државата трба да им обезбеди подобро образование за нивните деца и да бидат поуспешни во животот“, изјави заменик министерот во техничката влада Спиро Ристовски, кој што рече дека, „ВМРО-ДПМНЕ го воведе екстерното тестирање како одговор на една појава која започна во периодот на транзицијата, а се манифестираше преку масовно пишување највисоки оценки без да се обезбеди дека ученикот има доволно стекнато знаење за таквата оценка“.

 

Во 2014 година беше направен обид да се воведе екстерното оценување и во високото образование по што следуваа големи протести на студентите на кои се приклучија и професорите.

„Ова ќе го ограничи правото на образование, право кое е заштитено со член 44 од Уставот“,  му напишаа тогаш студентите на министерот за образование Абдулаким Адеми.

Власта се повлече од обидот за воведување на екстрено и во високото образование, но концептот остана да важи за основниците и средношколците.


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED – National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Check Also

Фото: portalb.mk

АНАЛИЗА: 140 милиони евра во рацете на пет министри-Aлбанци !

Едно до најмоќните министерства, кое располага со буџет поголем од 100 милиони евра останува во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *