nh

За едно нешто Груевски е во право

За едно нешто Никола е во право.

Вакво нешто не се случило никогаш во историјата.

Ниту во Македонија, ниту во Европа не се случило една банда да окупира владеачка политичка партија, а преку тоа и целата држава. Никогаш претходно, не се случило злосторничко здружение да се претвори во најбогатата партија во Европа и повеќе од една декада да се преправа дека е политичка партија која управува со правна држава и демократско општество.

Дури и хитлер и неговата национал-социјалистичка партија имаа доволно храброст за да не се кријат пред својата држава и светот.

За се друго излажа.

Ова не е прогон на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту партијата е под напад. Под напад и под прогон е злосторничкото здружение кое прво ја киднапираше партијата, па потоа државата.

Ова не се политички процеси. Ова се судски процеси, чиј предмет на докажување се политички постапки кои исполнуваат законски битија на различни кривични дела. Тоа што повеќето од обвинетите ги злоупотребиле своите политички функции за да можат да ги извршат овие, но и многу други кривични дела – не го прави прогонот политички.

А колку време имало да работи #СЈО, нека го праша Советот на јавни обвинители, ставревски и иванов кога одбиваа да доделат кадар, буџет, или пак идиотски се обидоа да ги аболицираат сите од кривичен прогон.

И за уште нешто е делумно во право. Заврши времето кога неговите политички блокирања на судските постапки можеше да ги сокрие зад лажната конструктивност.

Check Also

dupka

Хром: Проблеми со канализација, водата, струјата

Жителите на Хром се жалат на проблеми со канализацијата која поради слабиот капацитет истекува во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *