mhc1

Хелсиншкиот комитет: Kампања “Гледај со срцето, прифати ја различноста” посветена на лицата со посебни потреби

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ ја започна кампањата “Гледај со срцето, прифати ја различноста” посветена на лицата со посебни потреби и нивните можности и таленти. Видеото работено по сценарио подготвено од страна на две студентки од Институтот по дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје и ги прикажува талентите и можностите на неколку студенти со различни попречености и различности, преку нивното активно учество во спортскиот, општествениот и културниот живот. 

Целта на кампањата е покренување на свеста во општеството за способностите што ги имаат лицата со попреченост и нивно мотивирање за активно учество во општествените случувања.

Видеото беше претставено на јавниот настан „Вечер на талентина кој поголем број на лица со посебни потреби читаа поезија, свиреа, пееја и цртаа.

Видеото е изработено од старна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамки на проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите”, поддржан од Британската амбасада во Македонија.

Check Also

dupka

Хром: Проблеми со канализација, водата, струјата

Жителите на Хром се жалат на проблеми со канализацијата која поради слабиот капацитет истекува во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *