drac

Населба Драчево: Проблеми со сообраќајот, критики за градоначалничката

Најголем дел од граѓаните на населба Драчево се жалат на проблеми во сообраќајот кои ја загрозуваат безбедноста: недостиг на семафори, на обележани пешачки премини, на сообраќајна сигнализација, возење со големи брзини, недостиг на полициски патроли, дупки на патиштата, итн.

Други проблеми на кои укажуваат граѓаните на Драчево: недостиг на паркови и зелени површини, слаб капацитет на локалната медицинска установа, недостиг на центар за младите и објекти за разонода, немање на инвестиции и вложувања во инфраструктурата, проблеми со водоводот и канализацијата, иселување поради бесперспективност, итн.

Повеќе граѓани укажаа на сериозни проблеми и запоставеност од страна на општина Кисела Вода, како и незаинтересираност на градоначалничката за потребите и проблемите на Драчевчани.

Видео: Рамадан Ибиши Жарко Трајаноски, монтажа и текст Жарко Трајаноски.

Граѓанската иницијатива за “Мапирање на проблемите, потребите и барањата на граѓаните на Скопје” е проект поддржан од ФОOМ.

Check Also

s8

Шилегов: Ќе го поддржиме целосното обновување на Кино Култура

Во поранешното Кино „Култура“, кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов укажа дека со поддршка …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *