betka3

Кралицата Елизабета “каса прими”

По објавувањето на сметките од службената банкарска картичка на поранешната министерка Елизабета станува јасно дека таа живеела на државна сметка како кралица.
Британската кралица Елизабета (прва) е историски запаметена како “невината Елизабета”. Нашава “културна” кралица Елизабета ќе остане запеметена како веоама врло “виновната” Елизабета “каса прими”.

betka2
За докажувањето на нејзината вина како “културна кралица” нема потреба да се чека исходот од обвинителниот акт “Тендери” покренат од страна на СЈО. Доволно е да се видат копиите од платените сметки за сместување во Хилтон (2.5 илјади долари од соба), Риц и другите луксузни хотели ширум светот.
Објавените астрономски сметки ја соголуваат “културната кралица” и како личност која воопшто не трошела од службената картица за културни производи, туку за висока мода и за салони за убавина.
Во кој свет живеела кралицата Елизабета “каса прими” кога ја злоупотребувала службената картица за лично уживање и задоволување на сопствените консумерски апетити? Во кој свет живеела кога трошела без граница во “Воденица” и во други македонски и задгранични кафеани?hilton
Не била ли свесна дека еден ден ќе мора да даде вистински отчет за потрошените пари, наместо пропагандните “отчети” на нејзината партија?
Но, иако беше потребно, објавувањето на астрономските сметки за луксузирање ширум светот на кралицата Елизабета “каса-прими” не е доволно.
Ако не се поведат постапки за злоупотреба на службената картичка и службената должност (за ненаменско луксузирање) и ако не се обештети народниот буџет за секој злоупотребен денар за лични цели, ништо не сме направиле.
Значи, не е доволна само новинарската истрага, потребна е и обвинителска истрага, обвинителен акт, фер судење, правична затворска казна и воведување строги критериуми за употреба на службени сметки, за вакво луксузирање никогаш да не се повтори!
Ако сакаме да градиме одговорна демократија, тие што живееле како кралеви и кралици на наша сметка, ќе мора да ги наградиме пак да живеат на наша сметка, но во Шутка и Идризово!

Жарко Трајаноски

Check Also

g

СДСМ: Груевски и Трајановски истурија два милиони евра пари на граѓаните во дворот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес конференција, Михаела Иванова, кандидатка за член на Советот на Град Скопје укажа дека Коце …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *