znm1

НМ: Со укинувањето на рекламите ќе прекине коруптивната врска меѓу власта и медиумите

 

Укинувањето на рекламите ќе ги ослободи медиумите од финансиската зависност од Владата, која во изминатиот период стана еден од најголемите огласувачи во медиумите, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), по повод одлуката на Владата да ги укине владините реклами во приватните медиуми.

Од ЗНМ сметаат дека на тој начин „ќе се прекине коруптивната врска помеѓу власта и медиумите, бидејќи преку рекламирањето Владата ги претвори медиумите во пропагандна машинерија и спречуваше каква било јавна критика.“

„Веруваме дека без владини реклами ќе се воспостави нормален медиумски пазар, кој ќе обезбеди поголема финансиска и професионална слобода на медиумите. Иднината на медиумите треба единствено да зависи од подобрувањето на квалитетот на новинарската содржина, со што ќе се врати довербата на граѓаните и на огласувачите“, велат од ЗНМ.

Во однос на најавите дека во иднина целата комуникација со граѓаните ќе оди преку јавниот радиодифузен сервис, од ЗНМ потенцираат дека, „Владата треба да биде транспарентна кон сите медиуми, а не само кон МРТ“.

„Обврска на Владата е да ги прави достапни сите информации од јавен карактер, а од МРТ и приватните медиуми зависи на кој начин тие ќе бидат презентирани. Уредувачката независност на медиумите треба да биде почитувана“, се додава во соопштението на ЗНМ.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Check Also

vlada-rm-860x680

МРТ ги прекршила професионалните принципи за сеопфатно информирање, оцени Владата

Владата на денешната седница ја утврдила предлог – одлука за усвојување на годишната програма за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *