g

СДСМ: Груевски и Трајановски истурија два милиони евра пари на граѓаните во дворот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ

На денешната прес конференција, Михаела Иванова, кандидатка за член на Советот на Град Скопје укажа дека Коце Трајановски и Никола Груевски потрошија два милиони евра пари на граѓаните, за уредување на дворот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, додека Скопје се гушеше во загаден воздух:

“Овој плоштад со површина од 681 метар квадратен ги чинеше граѓаните речиси 3 илјади евра по метар квадратен! Додека половина Скопје има проблеми со водоснабдување, Трајановски и Груевски си изградија, партиска фонтана со партиски симбол, а и партиска тераса – дивоградба, која што Трајановски ја легализираше како „урбана опрема“. Воопшто не ги прашаа граѓаните за изгледот на плоштадот, туку го партизираа и приватизираа името, ликот и содржините на „плоштадот ВМРО“.”

Иванова посочи дека двоецот Трајановски – Груевски потроши уште неколку милиони евра за нови фасади за зградите околу барокниот дворец на најбогатата партија во Европа:

“„Плоштадот ВМРО“ е симбол на ненаменско и криминално трошење на парите на граѓаните за партиски луксуз, наместо за реалните потреби на граѓаните на Скопје.”

Check Also

gjub

Загадување од арсен во Карпош: Богоев најавува формирање на еко полиција

СДСМ го обвини градоначалникот Стевчо Јакимовски дека го игнорира загадувањето со канцерогениот арсен во Карпош. “Додека …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *