kej

СДСМ: Коце Трајановски и Никола Груевски ја загрозија безбедноста со ризичните градби во коритото на Вардар

“Злосторничкото здружение предводено од Никола Груевски и Коце Трајановски потроши десетици милиони евра за “Панорамско тркало”, бетонирани “пиратски” галии, жални врби, водоскоци и што уште не, иако градењето во коритото на реката Вардар е најстрого забрането поради ризикот од поплава”, укажа на денешната прес конференција Васко Лазаревски, кандидат за советник во град Скопје на СДСМ и коалицијата. Според Лазаревски, за да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски, Коце Трајановски потрошил милиони евра пари на граѓаните за градби во Вардар со кои се нарушува безбедноста на граѓаните и еко системот во реката.

“Коце Трајаноски и Никола Груевски знаеја уште во 2008 година дека е констатирана намалена пропустна моќ на речното корито на Вардар за 10 до16%. Но, сепак решија да ги градат своите забегани проекти, игнорирајќи ги укажувањата на граѓаните и експертите дека со градбите во коритото на Вардар дополнително се намалува пропустната моќ”, истакна Лазаревски.

Лазаревски укажа дека наместо да вложува во инфраструктура за заштита од поплави и поројни текови, “Трајановски и Груевски ги трошеа нашите пари за Панорамско тркало, карусели, лавови и скапи споменици, милионски огради, галии, жални врби, партиски плажи покрај партискиот музеј и скапи палми кои овенаа како нивната “Преродба”.”

Лазаревски порача дека “новата градска администрација ќе изготви нов план за заштита од поплави и ќе ги реализира сите експертски препораки за заштита на коритото на Вардар и градот Скопје од поплави и други елементарни непогоди”.

Check Also

gjub

Загадување од арсен во Карпош: Богоев најавува формирање на еко полиција

СДСМ го обвини градоначалникот Стевчо Јакимовски дека го игнорира загадувањето со канцерогениот арсен во Карпош. “Додека …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *