kanta6

Васко Лазаревски: Коце Трајановски е најодговорен за катастрофалната состојба во градскиот парк

Кандидатот за советник на Град Скопје на листата на СДСМ и коалицијата Васко Лазаревски, укажа дека по осум години игнорирање на Градскиот парк, на Коце Трајановски лицемерно, пред избори, му текнало да ветува негова реконструкција за повеќе од 2 милиони евра.

kanta1

“Коце Трајановски имаше осум години да го уреди паркот, да постави ново зеленило и хидрантска мрежа, да ги исчисти каналите и езерцата, да ги обвнови патеките и да посади 5000 нови дрва колку што сега лицемерно ветува. На Трајановски не му беа битни паркот и зеленилото, тој се грижеше само за исполнување на криминалните желби на неговиот шеф Никола Груевски.
kanta2

Ако прошетате низ градскиот парк, ќе видите дека хигиената е катастрофална. Во реките и езерцата пливаат пластични шишиња и друго ѓубре, а многу од кантите за отпадоци се искршени или дислоцирани. Во одредени делови од паркот треба да се прогласи еколошка катастрофа и да се забрани пристап поради здравствени причини.
kanta3
kanta4

Коце Трајановски е најодговорен за катастрофалната состојба во градскиот парк, затоа што негов приоритет беа барокните фасади и другите нарачки на неговиот шеф Никола Груевски.

По 15 октомври, ви ветуваме целосна грижа за градскиот парк, што е и обврска на градот Скопје.

Прво ќе изградиме јавни тоалети во паркот, бидејќи Скопје е единствен град во Европа без јавни тоалети.”

kanta5
kanta6
kanta7

Check Also

gjub

Загадување од арсен во Карпош: Богоев најавува формирање на еко полиција

СДСМ го обвини градоначалникот Стевчо Јакимовски дека го игнорира загадувањето со канцерогениот арсен во Карпош. “Додека …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *